text size
Ако поминете само неколку минути во кое било кафуле, училиштен двор или градски автобус во Скопје, сликата е речиси секогаш иста: младите се со погледот „закован“ во својот паметен телефон. Статистиката го потврдува она што го гледаме со голо око. Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат апсолутна дигитална поврзаност - 100 отсто од младите во Македонија на возраст од 15 до 24 години користат интернет, а дури 96,6 отсто од нив се онлајн неколкупати во текот на денот.