text size
Вредноста на јавните набавки во Македонија во 2025 година изнесувала 97,1 милијарди денари или преку 1,6 милијарди евра, покажува Извештајот за активностите на Бирото за јавни набавки (БЈН). Сумата била за 17 отсто поголема во однос на претходната година, додека бројот на склучени договори се зголемил за три отсто, на 34.320.