Историски значаен рачен часовник направен од независниот француски часовничар Франсоа-Пол Журн беше продаден на аукција во Женева за рекордни 7,32 милиони швајцарски франци (8,4 милиони долари).
Оваа цена е највисоката што некогаш била платена за рачен часовник направен од Журн, кој е со седиште во Швајцарија, и највисоката за независен производител на аукција. Претходната проценка пред аукцијата беше над 2 милиона франци.
Произведен во 1993 година и понуден од аукциската куќа „Филипс“ во Женева, овој часовник беше првиот рачен часовник што Журн некогаш го продал и се смета за дело што ја лансираше неговата швајцарска марка и неговата кариера како независен производител.
Прочитај повеќе
„Ролекс“ сега и официјално продава половни часовници, но тоа ќе ве чини
„Ролекс“ ја нарекува програмата „Сертифицирано користено“, а за купувачите е најважно да знаат дека часовникот што го купуваат дефинитивно е од „Ролекс“, а не фалсификат.
24.09.2024
Наскоро аукција на првиот „ролекс“ со боите на виножитото
„Ролексот“ од 1990-тите ќе се продава на аукција на 8 ноември во Женева.
05.09.2024
Сакате ролекс „пепси“ или „бетмен“? Има голема разлика
Дали вашиот часовник добива или губи вредност?
27.07.2024
Во светот на луксузните часовници не недостига време
Неодамна во Женева се одржа најновото издание на саемот за луксузни часовници „Вочес енд вондерс“ (Watches & Wonders).
09.09.2024
„Tourbillon Souverain à Remontoire d’Egalité“ претставува „Адам и Ева“ момент за кариерата на Ф.П. Журн, неговиот бренд и бизнис, изјави аукционерот и консултант Аурел Бакс од „Филипс“ за време на продажбата. Самиот часовничар беше дел од толпата наддавачи и гледачи.
Рекордниот резултат го цементира местото на Журн во врвот на современите независни часовничари чии уникатни дела може да се продадат за милиони на аукција.
Пред да го произведе и продаде овој рачен часовник, Журн произведуваше само џебни часовници или создаваше механизми и часовници за други брендови, вклучувајќи го и „Картие“. Првиот рачен часовник на Ф.П. Журн го направил за себе и не го продавал јавно.
Брендот Ф.П. Журн сега произведува помалку од 1.000 парчиња годишно, при што купувачите се наоѓаат на листи на чекање кои може да траат со месеци или дури и години.
Аукцијата на „Филипс“ исто така го вклучуваше и првиот Rolex Rainbow Daytona хронограф, произведен од најголемиот швајцарски бренд. Уникатниот часовник, направен во 1994 година и украсен со сафири и дијаманти, беше продаден за 5,5 милиони швајцарски франци, вклучувајќи ги и таксите, надминувајќи ја претходната проценка од 3 милиони франци. Ова е највисока цена платена на аукција за автоматски Rolex Daytona хронограф, соопшти „Филипс“.