Каква година имаа најдобрите македонски компании, какви се очекувањата за цените на нафтата, а какви за металите ќе можете да прочитате во нашите анализи следната недела. Ќе презентираме каде вложуваат големите светски милијардери и како заработуваат од нивните инвестиции, а ќе предложиме и инвестициско портфолио приспособено за мали инвеститори од Македонија.
Откриваме дека некои македонски банки почнаа да наплаќаат за реоценување на хипотеките без физички да го вршат тоа, што ги зголемува трошоците на корисниците на станбени кредити. Ги следиме најновите проблеми во автомобилската индустрија во Германија и анализираме какви се можните негативни влијанија врз македонската економија.
Прашуваме зошто се‘ уште нема мултифондови во македонското пензиско осигурување и пресметуваме колкава пензија ќе добиваат идните пензионери.
Со оглед на тоа што светските економски сили одвојуваат многу средства за вложување во напредни технологии, анализираме колку пари се одвојуваат во Македонија за оваа намена.