Јапонија го има најмоќниот пасош во светот, затоа што граѓаните на оваа земја можат без визи да патуваат на 193 дестинации, покажува најновиот индекс на пасоши на „Хенли“ (Henley Passport). Според овој индекс, Јапонија се наоѓа на првото место на листата веќе пет години по ред, објави „Блумберг“.
На врвот на листата на „Хенли“, покрај јапонскиот, се и сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји.
САД се наоѓаат на 22-то место, со безвизен пристап до 186 места, на исто ниво со Швајцарија, Нов Зеланд и Норвешка. Кинезите имаат влез без виза до 80 земји, како и Боливија. Русија има безвизен режим со 118 дестинации, додека Авганистан останува на дното на листата, со пристап без виза за 27 земји. Друштво му прават Сирија и Ирак.
Рангирањето, објавено од лондонската консултантска компанија за имиграција „Хенли и партнерите“ (Henley & Partners), користи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт за да го рангира пристапот на 199 пасоши до 227 дестинации за патување.