Претседателот Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ ако ситуацијата се одвива како и до сега односно сме во ситуација како што на пример било вчера кога бугарските претставници вчера на состанокот на Комитетот на постојани претставници во ЕУ (КОРЕПЕР).
„Јас го советувам да не оди. Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“, рече Пендаровски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Коментирајќи го тоа што премиерот се координира со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за одењето во Брисел, Пендаровски рече и дека „не го бендисува“ тоа што ваква координација се прави во рамки на „Отворен Балкан“ бидејќи тоа е економска иницијатива.
Ние, вели шефот на државата, треба да донесе наша, автономна државна одлука дали да одиме или не.
Зборувајќи околу предлогот на француското претседателство со ЕУ во емисијата „24 анализа“, Пендаровски рече дека ние до денеска немаме видено пишан документ.
„Не знам, Бугарите веројатно имаат добиено зашто се земја-членка на ЕУ. Тоа што Французите го направиле како предлог е доставено на КОРЕПЕР. Од вчера од 19 часот навечер почна сесијата по тој предлог. Бугарија овие денови е во хаотична ситуација, а тие повторно изнесувале вчера барања кои се апсолутно небулозни. Закажана е седница на комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и не знаат дали ќе се одржи. Во Софија, според нашите информации, Петков ќе сака да се гласа за доверба на неговата влада, а потоа да се стави на седница тој документ, изјави Пендаровски.
Нашиот појдовен став, вели Пендаровски е дека не сакаме да видиме никаква ѕвездичка или дообјаснување за македонскиот јазик.
„Еве една од верзиите која ја знаеме, а е од пред неколку недели, а што ја предлагаат Французите. Ова е се на ниво на телефонски комуникации. Во делот на јазикот, никаква ѕвездичка нема да има и пишува една формулација. Вели, целото европско аки ќе бидат преведени на македонски јазик. Точка, истакна шефот на државата.
Поголема гаранција за јазикот, нагласи Пендаровски, од тоа да стои во преговарачката рамка нема.