Како одговор на замрзнувањето на имотот од САД и нивните сојузници, Русија стави под привремена државна контрола две компании во сопственост на „Фортум“ (Fortum Oyj), финската државна енергетска компанија и германскиот енергетски гигант „Унипер“ (Uniper).
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот вечер потпиша декрет со кој се дозволува владата да воведе привремена државна контрола врз средства или хартии од вредност во сопственост на компании или поединци од т.н. „непријателски“ земји.
Единствените два имота што досега се наведени во анексот на одлуката за заплена на Путин се 83,7 отсто удел на „Унипер“ во „Унипро“ (Unipro PJSC) и 98,2 отсто удел на „Фортум“ во локалната подружница (Fortum PJSC).
Со уредбата се воведува надворешно управување од случај до случај, а засега првенствено ги вклучува средствата за производство на електрична енергија од најголемо значење, соопшти руската агенција за управување со државен имот. Списокот на средства може да се прошири доколку е потребно, порачаа оттаму.