Земјите од Групата седум (Г7) одлучија да не воведуваат речиси целосна забрана за извоз во Русија и, наместо тоа, ќе ги продолжат постојните ограничувања за клучните стоки, посочија извори запознаени со ова прашање.
Претставниците на Г7 разговараа за промена на сегашниот режим на санкции и забрана на секаков извоз, освен на стоки што се изземени. Според сегашните критериуми, дозволен е секаков извоз, освен ако не е предмет на санкции. Исклучоците би се однесувале на лекови, земјоделски производи и храна.
Сепак, последниот нацрт на изјавата што лидерите на Г7 се очекува да ја усвојат на нивниот самит во Хирошима, што започна во петокот, не ја вклучува таа одредба.
Прочитај повеќе
Зеленски лично ќе присуствува на самитот на Групата седум во Хирошима
Украинскиот претседател ќе отпатува во Јапонија за лично да им се приклучи на лидерите на Групата седум.
19.05.2023
Г7 ја зајакна помошта за Украина и предлага план за синџирите на снабдување
Шефовите за финансии на Групата седум (Г7) по тридневни развовори донесоа одлука за поголема помош за Украина.
13.05.2023
Сојузниците на Украина ги затвораат дупките во санкциите против Русија
САД, Европа и другите клучни сојузници на Украина подготвуваат нови санкции против Русија.
03.05.2023
САД и сојузниците размислуваат за целосно ембарго за извоз во Русија
Некои од клучните сојузници на Украина, меѓу кои и САД, размислуваат да пристапат кон целосна забрана на најголемиот дел од извозот во Русија.
20.04.2023
ЕУ и Г7 бараат начини за следење на руските дијаманти
Ако се најде начин за следење на трговијата, тоа ќе отвори можност и за нови санкции кон Русија.
20.02.2023
Овој потег би бил премногу комплициран за да го спроведат некои земји-членки, со оглед на различните правни и регулаторни системи, вклучувајќи ги и оние во Европската Унија, велат познавачите на ова прашање. За ваква речиси целосна забрана би била потребна и согласност од сите земји од ЕУ.
Наместо тоа, Г7 ќе ја прошири листата на забранети стоки за да ги ограничи артиклите што се клучни за руската војна во Украина, вклучувајќи ги и оние што се користат на бојното поле, како што е извозот на индустриски машини и алати, се наведува во нацрт-изјавата. Г7 исто така дополнително ќе цели на клучните сектори, како што се производството, градежништвото, транспортот и деловните услуги.
Освен ударот врз приходите на Москва, главниот фокус на Г7 е затворање на дупките во санкциите и зајакнување на спроведувањето, особено во однос на трети земји преку кои Русија увезува забранети стоки.
Како дел од овие напори, Г7 исто така ќе објави дека членките ќе работат заедно за да ја ограничат трговијата со руски дијаманти и да преземат мерки против земјите за кои веруваат дека материјално ги поддржуваат воените дејства на Москва.