Лидерот на руската платеничка војска од групата „Вагнер“,Евгениј Пригожин, денеска, во одговор на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека тој и неговите луѓе нема да се предадат, пренесе Хина.
Путин претходно вети дека ќе го уништи, како што го нарече, овој вооружен бунт, откако приватната армија на Пригожин ја презеде контролата врз јужниот град Ростов, како дел од обидот да го собори военото раководство.
„Претседателот е во длабока заблуда кога зборува за предавство. Ние сме патриоти, се боревме и се бориме за татаковината“, рече Пригожин во аудио пораката.
Прочитај повеќе
Шефот на Вагнер групата обвинет за бунт, Москва презема мерки за заштита
Шефот на платеничката група утрово изјави дека тој и неговите борци влегле во Ростов на Дон
24.06.2023
Вонредно обраќање на Путин: Одговорот ќе биде жесток
Чинот на Вагнер групата е „предавство и забивање нож во грб“
24.06.2023
Со вреќи кеш се плаќа за загинатите платеници на Пригожин
Парите што се исплаќаат како компензација за нивната смрт изнесуваат 60.000 долари по лице
24.06.2023
Балканските „кучиња на војната“ на Путин
Долгите краци на руската платеничка војска „Вагнер“ стигнуваат до Балканот
21.02.2023
„Никој нема да се предаде по наредба на претседателот, ФСБ (безбедносна служба) или кој било друг, бидејќи не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција, измама и бирократија“, додаде лидерот на „Вагнер“.