Владата денеска го објави предлогот на француското претседателство за отварање на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска одржа координативна средба со членовите на владината коалиција, на којашто ги информираше за содржината на таканаречениот француски предлог.
„Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна за нас, нашата позиција и стратегија дадоа резултат. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови. За да изградиме официјален став како држава со оваа средба денеска го отпочнавме широкиот консултативен процес. Ќе продолжиме и со Претседателот на државата, кој е целосно досега упатен и консултиран со сите детали, ќе дебатираме и во Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, медиумите, експертската и севкупна јавност во земјата. Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја“, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека сите лажни тврдења во различни форми потонале и дека Владата доследно се држела до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, го штитела националниот интерес и македонскиот национален идентитет.
Прочитај повеќе
Бугарското Собрание го одобри францускиот предлог за С Македонија
Претсдеателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ
24.06.2022
Француското МНР: Одлучувачки денови за Северна Македонија
Остануваме мобилизирани за да постигнеме заемно прифатливо решение, велат од Париз
24.06.2022
Мишел: Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ што поскоро
Тоа е врвен приоритет и ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија
16.06.2022
„Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Многу важно за нашата позиција понатамошно и отпочнување на безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓу владина конференција со Европската Унија исто така е инкорпориран во предлогот кој што е доставен кај нас“, изјави Ковачевски.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протести. Повикувам на сенароден протест. Го повикувам цел народ од цела Македонија, но и однадвор, да се приклучи и да застане до нас и да го одбраниме она што се вика европска вредност и да го спасиме процесот на преговори“, рече Мицкоски.
Коментирајќи го модификуваниот француски предлог, Мицкоски рече дека според предлогот, земјава нема да го отвори првиот кластер „фундаменталс“ се додека не се случат уставните измени на кои се повикуваат заклучоците од Европскиот совет.
„Нема да имаме почеток и отворање на кластерот се додека не се случат уставните измени. На страна 8, пак, од предлогот, е избришан делот каде во првиот дел стоеше делот за јазикот ама јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде поптишан протоколот од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која е основана врз основа на чл. 12 од Договорот за добрососедство што го има нашата Влада потпишано со нашиот источни сосед. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата, културата, се што треба да се направи како измена во нашите учебници“, појасни Мицкоски.
Сето она што го вели Ковачевски, додава тој, „не е визија, не е стратегија, ниту битка за идните генерации, туку срам, пораз и капитулација што идните генерации ќе ја имаат како грутка во својата душа“.