Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на фејсбук ги демантира како што наведува, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог, и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања.
„Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги.
Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени. наведува Ковачевски во објавата на фејсбук.