Доналд Трамп се предаде во затворот во округот Фултон во Атланта под државно обвинение за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година, што е четврти пат годинава да е под истрага како обвинет.
Неговото предавање во четвртокот стана неизбежно откако окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, им нареди на поранешниот претседател и 18 наводни соучесници да се предадат до петок или ќе се соочат со апсење. Трамп беше ослободен од затвор откако плати кауција од 200.000 долари. Неговото судење се очекува на почетокот на следниот месец, пишува „Блумберг“.
Трамп беше во затвор околу 20 минути. Набргу по влегувањето во затворот, неговото име се појави во базата на податоци, каде што се забележани неговата висина, тежина и боја на коса. Нему му беше доделен затворскиот број P01135809. Беше направена и снимка, прва за некој поранешен американски претседател, која беше објавенa околу еден час по излегувањето на Трамп од затворот.
Прочитај повеќе
Трамп уверен во водството - нема да учествува во првичните претседателски дебати
Доналд Трамп најави дека ќе ги прескокне првичните дебати против другите републикански претседателски кандидати.
21.08.2023
Ново обвинение против Трамп - во 2020-та вршел притисок да се променат изборните резултати
Големата порота во сојузната американска држава Џорџија го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД.
15.08.2023
Tрамп се изјасни за невин по обвиненијата за попречување на изборите
Обвинителите не побараа Трамп да биде затворен
04.08.2023
Трамп обвинет за одземање на тајни владини документи
Пријавите вклучуваат задржување документи и заговор за манипулација.
09.06.2023
Трамп обвинет поради наводната тајна исплата на порноактерка
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во Њујорк.
31.03.2023
Трамп ја искористи затворската фотографија за да го обележи своето враќање на X, социјалната мрежа порано позната како Твитер, за првпат по јануари 2021 година. Тој сè уште има 86,5 милиони следбеници на својот налог.
На поранешниот претседател му беше забранет пристапот на Твитер откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол на 6 јануари. Кога Илон Маск го купи Твитер, му дозволи на Трамп да се врати на мрежата.
Шерифот на округот Фултон, Патрик Пат Лабат, претходно изјави дека Трамп нема да добие посебен третман во затвор, особено во врска со снимката. Евидентирани се и соучесниците на Трамп што веќе се предале.
Откако плати кауција, поворката на Трамп го врати на аеродромот.
„Ова што се случи овде е пародија на правдата“, рече Трамп непосредно пред да се врати во својот приватен авион. „Ние не направивме ништо лошо. Јас не направив ништо лошо. И сите го знаат тоа“.