Германија е подготвена да се откаже од планот строго да го ограничи задолжувањето следната година ако Русија во целост престане да испорачува гас.
Министерот за финансии, Christian Lindner до неодамна тврдеше дека Германија и останатите членки на еврозоната од 2023 година мораат да го намалат јавниот долг за да го избегнат ризикот од историски високата инфлација предизвикана од трошењето од дефицит. Сепак, мислењето по ова прашање се менува.
Заради големата зависност на Германија од руски гас и непостоењето на алтернативни извори за снабдување, меѓу трите владејачки партии постои консензус дека целосниот прекин на гасот ќе предизвика шок ист како финансиската криза во 2008 и корона кризата.
Канцеларот Шолц го подготвува теренот за ваков потег, тој веќе изјави дека кризата нема брзо да заврши и дека ќе бидат потребни дополнителни мерки за да се излезе на крај со растечките цени на енергијата. Истакна дека 2023 година ќе биде најголем предизвик.
Тој беше песимист во говорот во средата кога го обвини Путин дека ја користи енергијата како политичко оружје, додавајќи дека никој не верува на изговорите на Русија дека наглото смалување на испораките се гас се должат на тенички проблеми.
Преќутниот консензус меѓу членовите на владата се коси со официјалните буџетски планови за значајно намалување на нето задолжувањето следната година и враќање на јавните финансии во рамките на уставните ограничувања. И дополнитело, коалиционите партии веќе расправаат за дополнителна поддршка за домаќинствата и фирмите кои патат заради растот на трошоците.
Според плановите одобрени минатата недела, ограничувањето за задолжување на федералната влада ќе биде повторно воспоставено во 2023 годна, за прв пат по пандемијата.
На прашањето дали Германија ќе може да се придржува кон ограничувањето во случај на целосен прекин на дотокот на гас, Линднер изјави дека владата соодветно ќе реагира, но дека е најдобро е придржуваат кон ограничувањата.