Лавров уште еднаш фрли вина на другите, изјави денеска постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер, на прашање на МИА да ја искоментира изјавата дадена на прес-конференција во Скопје на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, дека „сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија“.
„Со сета должна почит кон него, господинот Лавров уште еднаш фрли вина на другите, ја има усовршено таа уметност. Би било соодветно да направи поголема интроспекција на руското малигно влијание врз повеќето демократски држави, вклучително и на Западен Балкан, каде што е тоа нагласено“, кажа Карпентер на прес-конференција во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.
На прашањето, пак, да ја искоментира изјавата на Лавров, дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и Жозеп Борел „кукавички избегале од состанокот со него“, Карпентер рече дека „никој не сака да седи на маса со Лавров и да слуша лаги, дезинформации и пропаганда“.
Прочитај повеќе
Лавров: Западните сили се виновни за проблемите на Балканот
Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и тоа беше понижувачко име, вели Лавров.
01.12.2023
Војната во Украина во фокус на министерскиот совет на ОБСЕ
За време на самитот на ОБСЕ се потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата.
30.11.2023
Лавров на средба со Османи и Борг, актуелниот и идниот претседавач со ОБСЕ
Од руска страна било нагласено Организацијата да излезе од сегашната криза
30.11.2023
ОБСЕ е на работ на бездна, рече Лавров, некои делегации си заминаа кога почна да зборува
Ова што се случува моментално во организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања, рече Лавров.
30.11.2023
Камерон: Русија е одговорна за конфликтот, нејзините постапки се неодбранливи
Велика Британија продолжува да ги поддржува Украина и ОБСЕ, порачал шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.
30.11.2023
„Седењето на страна од таа маса има повеќе разумна смисла, освен ако некој не сака мазохизам“, кажа Карпентер.
Во однос на тоа дали очекува натамошни блокади и вета во ОБСЕ, со оглед дека Малта сега го презема претседавањето, Карпентер кажа дека ОБСЕ ќе продолжи да функционира и оти тоа е организација изградена врз консензус и е воспоставена како алатка за соработка.
„Иако овие денови тоа е многу тешко бидејќи Русија ги поткопува основните принципи на меѓународиот поредок. Но ние ќе дадеме се од себе за да најдеме креативни решенија за проблемите за да постигнеме резултати“, кажа Карпентер на прес-конференцијата.