САД соборија две противбродски балистички ракети лансирани од бунтовниците Хути, одговарајќи на повикот од трговски брод во јужниот дел на Црвеното Море.
Контејнерскиот брод „Маерск Хангжу“, кој пловел под знаме на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден со проектил во 20:30 часот според времето во Сана, објави американската Централна команда во објава на X, платформата порано позната како Твитер.
Одговарајќи на барањето за помош на бродот, САД соборија две противбродски балистички ракети од областите под контрола на Хутите во Јемен.
Прочитај повеќе
Хутите нападнаа контејнерски брод во Црвено Море
Сите членови на екипажот се безбедни, а нема информации за повредени.
27.12.2023
„Маерск“ се враќа во Црвено Море под заштита на САД
„Маерск“, втората по големина компанија за транспорт на контејнери во светот, соопшти дека се подготвува да продолжи со испораките преку Црвено Море.
25.12.2023
САД со патрола ќе ги штитат бродовите во Црвено Море од напади на Хутите
Вашингтон објави дека досега обезбедил поддршка од 20 западни и арапски сојузници.
25.12.2023
Повеќе од 100 бродови се пренасочени од Црвеното Море
Хутите дејствуваат во поддршка на Хамас - првично насочени кон бродови поврзани со Израел
20.12.2023
Нема извештаи за повредени, велат од Централната команда на САД.
Ова е 23. напад на Хутите врз меѓународни бродови од 19 ноември. САД и голем број други земји формираа оперативни поморски сили за да одговорат на нападите во Црвеното Море.