Владина делегација предводена од премиерот, Димитар Ковачевски, денеска во Брисел ќе присуствува на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ. Со оваа меѓувладина конференција, конечно по 17 години чекање, земјава официјално ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ. На Конференцијата премиерот Ковачевски отворачката изјава ќе ја прочита на македонски јазик.
Во состав на владината делегација меѓу останатите се и првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министрите за надворешни и за внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски.
Пред одржувањето на меѓувладината конференција, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Прочитај повеќе
Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог
Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците за т.н. француски предлог поднесени од СДСМ и ДУИ.
16.07.2022
Ковачевски: Во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел
Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои претходно ги изгласа Собранието.
16.07.2022
Потпишан протоколот, се чека неговото објавување
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија во Софија го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.
17.07.2022
Одржувањето на конференцијата следи откако синоќа земјите членки на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија и решија официјално да ги поканат двете земји денеска да ги започнат меѓувладини конференции.
Ваквата одлука синоќа на „Твитер“ ја потврди чешкиот премиер, Петр Фиала, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, кој во објавата посочи дека Советот на Европската унија одлучил да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.
„Правиме важен чекор напред во приближувањето на Западен Балкан кон Европската унија. Ова е голем успех за нашето претседателство“, наведе Фиала.
На оваа прва меѓувладина конференција ќе биде усвоена преговарачката рамка за членство на земјава во ЕУ со што започнува процесот на скриниг, по чие завршување и по промената на преамбулата и на амандманот 12 на Уставот, по автоматизам се одржува втората меѓувалдина конференција, по која почнува процесот на преговори по кластери и поглавја. Со измените на Уставот во делот каде што се наведени „албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ…“ ќе треба да се додадат и граѓани кои се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ.
Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за старт на преговорите, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на „Фронтекс“, кој ќе биде потпишан на македонски јазик.
Условувањето на одржувањето на втората меѓувладина конференција со уставните измени, како што нагласи во неделата шефот на дипломатијата, Бујар Османи, е придобивката на Бугарија од компромисниот француски предлог за старт на преговорите, додека земјава ја добива одредницата за македонскиот јазик без никакви додавки, фусноти или астерикси, ставот дека историските прашања не се услов за отворање и затворање на поглавјата, како и почеток на преговорите со одржувањето првата меѓувладина конференција.
Деблокадата на нашиот европски пат беше овозможено со прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ од 30 јуни 2022 година, од страна на Владата во саботата, откако претходно истиот ден Собранието усвови заклучоци по информацијата за предлог-преговарачката рамка. Со заклучоците Собранието ја задолжи Владата да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси.