Владимир Путин тргнува во лов на имот, наредувајќи им на службениците да пронајдат руски средства што некогаш припаѓале на поранешнате империја или биле во сопственост на Советскиот Сојуз.
Со наредбата, рускиот претседател додели финансии за државна единица која ќе има цел да изврши пребарување на имот во странство и да обезбеди регистрирање на правата на сопственост на Русија. Во документот не е наведена големината на буџетот за операцијата или каков вид на имот се бара.
Иако не е јасно што ја поттикна наредбата, интересот на Путин за поранешните империјални поседи веројатно нема да ја намали загриженоста за неговите амбиции меѓу соседните држави, откако руската инвазија на Украина ја наруши европската безбедност.
Прочитај повеќе
Путин: Сакаме мир во Украина што поскоро, но по наши услови
Русија моментално окупира околу една петтина од територијата на Украина.
01.01.2024
Путин: Русија го модернизираше целото нуклеарно вооружување
Уделот на модерното оружје во руските нуклеарни сили „во оваа година е доведен до 95 отсто
19.12.2023
Путин го презеде аеродромот во Санкт Петербург од странските инвеститори
Рускиот претседател нареди пренос на сите права за управување со аеродромот Пулково.
01.12.2023
На својот врв, Руската империја се прошири на териториите на модерна Полска и балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија, како и Финска. Се распадна под притисокот на Првата светска војна и болшевичката револуција од 1917 година, предводена од Владимир Ленин, која го одбележа раѓањето на комунистичката држава.
Советскиот Сојуз, формиран во 1922 година, покриваше голем дел од поранешната територија на империјата, со исклучок на Полска и Финска, додека не се распадна во 1991 година кога конститутивните републики на Балтикот, Кавказот, Украина, Белорусија и централна Азија станаа независни.