Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори.
„Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата“, рече Џафери.
Тој додаде дека се надева оти ќе креира соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните.
Прочитај повеќе
Средба Ковачевски - Џафери: Почна постапката за формирање техничка влада
Ковачевски истакнал дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено
25.01.2024
Недела на оставки и подготовки за техничка Влада во Македонија
Се очекуваат оставки на претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.
21.01.2024
Утре оставки на Ковачевски и Џафери, изборите ќе не чинат 17 милиони евра
Почнуваат и крајните рокови за составување на преодната влада, која се носи сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај.
24.01.2024
Собранието во рамки на 139. седница денеска ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а во рамки на седницата пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието. Седницата за избор на преодната влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за во недела, 28 јануари.