Од Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција во однос на првиот круг од претседателските избори во земјава информираа дека одзивот до 13 часот е 26,35 отсто. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, тоа е шест отсто повеќе во однос на претходните избори во 2019 година.
До 13 часот во ДИК пристигнале податоци за одзивот на гласачите од 1.720 избирачки места (49,03 отсто од вкупниот број на избирачки места), во кои право на глас имаат 872.090 граѓани. Од нив гласале 229.803, со што одзивот е на процент од 26,35.
Даштевски исто така посочи дека до 13 часот најголем одзив е регистриран во Новаци (42,87), а пак најмал во Врапчиште (10,18).
Прочитај повеќе
До 11 часот oдзивот на гласачите е 12,78 отсто
Со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
До девет часот одзивот на изборите е 3,85 отсто
До 9 часот во ДИК се пристигнати податоци за одзивот на гласачите од 832 избирачки места.
24.04.2024
Седми претседателски избори во Македонија
На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
До ДИК пристигнале 140 приговори за заштита на гласачкото право, односно од граѓани што не се најдени во избирачкиот список, при што Даштевски посочи дека 16 од нив се веќе уважени. Осум се отфрлени како некомплетни, девет се одбиени, а преостанатите се во обработка.
Со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица.
Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекнале во објектот во кој се гласа.
Претседателските избори, според ДИК, ги следат вкупно 1.601 набљудувач, од кои 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.
Во канцеларијата на народниот правобранител денеска, од 7 до 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.