Гордана Силјановска-Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг на избори за шеф на државата победи во 60 општини во земјава, Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, освои најмногу гласови во три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина.
Гордана Силјановска-Давкова победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44 %), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54%), Бутел (43,91 %), Валандово (50,29%), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47,08 %), Демир Капија (54,77 %), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),
Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).
Прочитај повеќе
Претседателски избори: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски
Силјановска освои над 315.000, а Пендаровски околу 157.000 гласа
24.04.2024
Седми претседателски избори во Македонија
На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)
Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).
Инаку, според првичните резултати што Државната изборна комисија (ДИК) ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ - 362.682 (40,08 %), пред Пендаровски со 180.306 (19,93 %).
Според тоа, во вториот круг за претседателските избори, кој ќе се одржи на 8 мај, заедно со изборите за пратеници во Собранието, влегуваат Силјановска и Пендаровски како двајца кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг.
Во вториот круг ќе биде избран кандидатот што ќе освои мнозинство од вкупниот број гласови, при што е потребно најмалку 40 проценти од регистрираните гласачи (725.727) да го оствариле своето право на глас. Доколку ниту еден од кандидатите не ги исполнил двата услова, целата изборна постапка се повторува.
Од независноста на државава на претседателската фотелја седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и сегашниот актуелен претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски.