Иран во неделата предупреди дека ќе ја нападне клучната инфраструктура низ Блискиот Исток ако претседателот Доналд Трамп ја исполни својата закана да ги „уништи“ електраните во Техеран ако Ормускиот теснец брзо не се отвори.
„Следејќи ги претходните предупредувања, ако инфраструктурата за гориво и енергија на Иран биде нападната од непријателот, целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што му припаѓа на САД и на режимот во регионот ќе биде цел на напад,“ стои во соопштението на оперативната команда на иранската војска објавено во неделата од новинската агенција Тасним.
Трамп во објава на социјалните мрежи доцна во саботата изјави дека ќе „удри и уништи“ ирански електрани, почнувајќи со најголемата, ако теснецот не се отвори во рок од 48 часа.
Прочитај повеќе
Трамп му даде на Иран рок од 48 часа, се закани со напади врз енергетските постројки
Иран со нападот покажа способности за кои претходно не беше познато дека ги има
22.03.2026
Цената на нафтата што ја гледате не ја доловува вистинската приказна
Три недели по почетокот на војната со Иран, се создава сè поголем јаз меѓу цената на нафтените фјучерси и реалните резерви што ги одредуваат трошоците за потрошувачите.
21.03.2026
Нападот врз базата на Диего Гарсија го открива дострелот на иранските ракети
Иран во петокот лансираше балистички ракети кон заедничката американско-британска воена база на Диего Гарсија, демонстрирајќи ракетна способност која го надминува она што претходно се знаеше дека Техеран го поседува.
21.03.2026
Трамп: САД размислуваат за намалување на воените напори против Иран
Претседателот Доналд Трамп изјави дека размислува за „намалување“ на американските воени напори против Иран, велејќи дека САД се блиску до постигнување на своите цели додека конфликтот, кој ги потресе финансиските пазари и регионот, влегува во четврта недела.
21.03.2026
Трамп ги нарече сојузниците од НАТО кукавици
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно жестоко ги нападна воените сојузници затоа што не се приклучија на војната против Иран или не помогнаа во деблокирањето на Ормускиот теснец, изразувајќи фрустрација додека Исламската Република продолжува со напади врз енергетските постројки во Заливот.
20.03.2026
Коментарите на Трамп на неговата платформа Трут сошл претставуваат драматично заострување на реториката на американскиот претседател за теснецот - ден пред тоа рече дека размислува за „намалување“ на воената операција и дека одговорноста за надзор над Ормус треба да ја преземат државите кои зависат од бродскиот сообраќај низ коридорот.
За разлика од нападите врз други енергетски објекти - како гасното поле „Јужен Парс“ - нападите врз иранскиот електроенергетски сектор сами по себе не би имале непосредни последици за светските енергетски резерви. Иран има 98 оперативни електрани на природен гас, според податоците собрани од„Блумберг“. Меѓу најголемите се комбинираната електрана „Дамаванд“, југоисточно од Техеран, електраната „Рамин“, северно од Ахваз и електраната „Керман“ во Чатруд.
Заканата на Трамп дека најпрво би ги нападнал најголемите ирански електрани може да се однесува и на нуклеарната електрана „Бушер“.