Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, вечерва, по затворањето на гласачките места, на прес-конференција соопшти дека до 18.30 часот се пристигнати податоци за претседателските избори од 3.186 избирачки места, со вкупно запишани 1.657.939 гласачи. Од нив, гласале 767.715 избирачи односно 46,31 проценти. Најголем одзив на претседателските избори има во Новаци (72,76 проценти), а најмал одзив во Липково (7,35 проценти).
Прочитај повеќе
Исполнет цензусот за претседателските избори
Најголем одзив за претседателските избори има во Новаци (66,47 проценти), а најмал одзив во Липково (6,48 проценти).
08.05.2024
Одзивот на претседателските избори до 15 часот е 31,98 отсто, на парламентарните е 37,75 отсто
Најголем одзив за претседателските избори има во Крива Паланка, 58,29 отсто, а најмал во Липково, 5,14 отсто.
08.05.2024
Одзивот на парламентарните избори до 13 часот е 25,84 отсто, на претседателските 23,95 отсто
Пристигнати се податоци за одзивот на гласачите од 2.472 избирачки места.
08.05.2024
До 11 часот oдзивот за претседателските избори е 12,87 отсто, за парламентарните 13,69 отсто
Најголем одзив за претседателските избори има во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмал во Липково, 1,76 отсто.
08.05.2024
За парламентарните избори податоци се пристигнати од 3.186 избирачки места, со вкупно запишани 1.665.591 гласач. Од нив, на изборите гласале 887.767 лица односно 53,30 проценти. Најголем одзив на парламентарните избори има исто така во Новаци (74,85 проценти), а најмал во Центар Жупа (18,62 проценти).
Даштевски го оцени изборниот процес како успешен, фер и демократски.
Гласачките места беа отворени во 7 часот. Право на глас на изборите за шеф на државата имаа 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од двајцата претседателски кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 април. Во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот што ќе добие мнозинство од гласовите.
На eдинаесеттите парламентарни избори, пак, право на глас имаа 1.815.350 избирачи. За парламентарните избори се гласаше во согласност со пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.
Во првата изборна единица има 313.183 гласачи, во втората 321.087, во третата 275.034, во четвртата 278.721, во петтата 310.216 и во шестата изборна единица 317.109 гласачи.
Избирачите можеа да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред седумнаесетте листи на кандидатите за пратеници. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, коалицијата Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.
Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ѝ ги предава на ДИК.
Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
За денешниот изборен ден беа акредитирани вкупно 2.246 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани беа домашни набљудувачи – 1.303. Изборите ги следеа и 860 странски набљудувачи, за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите беа акредитирани 83 странски новинари.