Триесет и седумгодишниот црногорски премиер Милојко Спајиќ лично инвестирал во компанијата за криптовалути „Тераформ Лабс“ (Terraform Labs) пред таа да пропадне, покажуваат документите на американскиот суд.
Ова го наметнува прашањето зошто основачот на компанијата, До Квон, избра мала нација од Балканот во време кога се обидуваше да избегне кривично гонење. Инаку, Квон беше уапсен во Црна Гора во март минатата година, додека патувал со лажен пасош и се соочувал со барања за екстрадиција од САД и Јужна Кореја.
Поранешниот банкар и прозападен политичар Спајиќ претходно изјави дека инвестицијата е направена од сингапурската компанија „Дас Капитал“, во која тој бил партнер. Во одреден момент, имотот порасна на речиси 90 милиони долари, според извештајот на „ Вијести“ (Vijesti), кој прв ја објави информацијата, и „Блумберг“.
Сепак, никој од канцеларијата на Спајиќ во Подгорица не одговараше на мејловите и телефонските повици во средата и четвртокот. Спајиќ исто така одбил да коментира за „Вијести“, пишува црногорскиот весник.Ова откритие се случува во земја членка на НАТО и кандидат за Европската унија, каде премиерот од октомври ја предводи кревката владејачка коалиција. Опозицијата веќе побара оставка од Спајиќ.
Инвестицијата на премиерот, пред да ја преземе функцијата, беше детално опишана во тужбата поднесена против „Тераформ Лабс“ и Де Квон од страна на американската Комисија за хартии од вредност . Во писмото доставено од сметководител на комисијата во кое се анализираат зделките за крипто средства на „Терраформ Лабс“, Спајиќ беше идентификуван како „ран инвеститор“. Беше во април 2018 година.
Инаку, Квон се соочува со кривични пријави поврзани со колапсот на стабилкоин „тераУСД“ од 40 милијарди долари во 2022 година. Банкротираната крипто компанија и Квон лично беа прогласени за одговорни за измама по граѓанската тужба во Њујорк во април. „Тераформ“ се согласи да плати 4,5 милијарди долари.