Унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува за Флорида за да се сретне со Доналд Трамп на последната станица на неговата самонаречена „мировна мисија“ за решавање на војната во Украина, што ги налути западните сојузници.
Орбан објави фотографија на социјалната мрежа Х со републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД во неговото одморалиште Мар-а-Лаго, на која се гледа како двајцата креваат палец. „Тој ќе го реши тоа“, напиша Орбан, очигледно повикувајќи се на неговото тврдење дека претседателството на Трамп може да донесе побрз крај на руската војна во Украина.
„Ти благодарам Виктор. Мора да има МИР и тоа брзо“, пишува Трамп во објавата на десничарската платформа за социјални медиуми Truth Social. „Премногу луѓе загинаа во војна која никогаш не требаше да започне!
Прочитај повеќе
Унгарија ги зголемува даноците за банките за да го полни буџетот
Дефицитот се зголеми за 108 милијарди форинти на кумулативни 2,66 билиони (7,3 милијарди долари).
08.07.2024
Како милионите од Орбанова Унгарија го освојуваат регионот Адрија
Унгарските компании имаат и формална поддршка од Владата да инвестираат во земји што се препознаени како стратегиски важни.
17.04.2024
Орбан: Немаме друг избор освен да го окупираме Брисел
Орбан рече дека знае како да ја промени Европската унија
15.03.2024
Додека Орбан гради моќ, неговиот зет гради хотелска империја
Веќе е и повеќе од јасно дека Иштван Тиборц стана најистакнатиот инвеститор во земјата, особено во туристичката индустрија.
14.03.2024
Орбан е лидер на Унгарија, земја од Европската унија кој има најблиски контакти со рускиот претседател Владимир Путин. Тој се посвети на тоа како да ја запре помошта од Запад за Украина. Со Трамп се сретна и во март кога рече дека поранешниот американски претседател ветил дека „нема да му даде ни денар“ на Киев ако се врати во Белата куќа. Орбан рече дека тоа ќе ја принуди Украина да се откаже од својот воен отпор и да се обиде да бара договор со Москва.
Унгарскиот лидер тргна кон Флорида од самитот на НАТО, каде што неговата земја одби да учествува во продлабочената поддршка на воената алијанса за Украина.
По посетата на Киев минатата недела, Орбан ги заслепи и ги налути западните сојузници со тоа што, исто така, отпатува во Москва и Пекинг за да се сретне со рускиот и кинескиот лидер, користејќи го ротирачкото шестмесечно претседавање на Унгарија со ЕУ за да им даде поголема тежина на разговорите.
Министрите од Шведска, Финска, Полска и три балтички земји - Естонија, Латвија и Литванија - ќе ги прескокнат неформалните состаноци во Унгарија за време на првата фаза од нејзиното шестмесечно претседавање со ЕУ ова лето, во знак на протест против дипломатијата на Орбан, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон пред новинарите во четвртокот. Наместо тоа, неговата влада ќе испрати функционери од пониско ниво.
Орбан „всушност го злоупотребува претседателството, киднапирајќи го за свои цели“, им рече Кристерсон на новинарите во четвртокот на самитот на НАТО во Вашингтон. „Јас бев многу јасен дека тој не зборува за други шефови на влади, а уште помалку за системот на ЕУ, кога патува во Русија“.
Вчера Орбан во Вашингтон се сретна со македонскиот премиер Христијан Мицкоски со кого договорил, Унгарија на Македонија да и додели кредит од 500 милиони евра. Сите детали овде.