Романија и Бугарија обезбедија договор што го отвора патот за целосен пристап до земјите од Европската унија без пасоши речиси две децении по пристапувањето во блокот.
Двете балкански држави денеска потпишаа договор со Австрија, единствената земја која го блокираше пристапот поради миграциските грижи, објави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на X. Договорот беше потпишан од министрите за внатрешни работи на трите земји по состанокот во Будимпешта, Унгарија, земјата која во моментов претседава со ЕУ.
Романија и Бугарија, се приклучија на блокот во 2007 година, и оттогаш чекаат целосен пристап до таканаречената Шенген зона, која Европејците редовно ја наведуваат како една од најголемите придобивки од членството во ЕУ и огромен благодат за трговијата и инвестициите.
Прочитај повеќе
Германија поради мигрантите ги прошири контролите на сите свои граници
Полицијата почна да врши проверки на премините со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска.
16.09.2024
ББА репортажа: Хрватска во Шенген- колку се чека на граничните премини?
Затекнавме колони возила кои се враќаат кон земјите од ЕУ
02.01.2023
Хрватска официјално стана членка на еврозоната и на Шенген
Хрватска ги започна преговорите за членство во 2005 година, ги заврши во 2011 година и стана членка на ЕУ на 1 јули 2013 година
01.01.2023
Бугарија и Романија сè уште треба да чекаат за конечно гласање во Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ пред да стане официјален нивниот пристап во Шенген. Пристапот на двете земји во шенген зоната најверојатно ќе се случи во текот на следната година.
Земјите од ЕУ минатата година го омекнаа ставот за проширување на Шенген зоната овозможувајќи им пристап на двете балкански земји во областа на воздушниот и поморскиот сообраќај од март оваа година. Но, граничните контроли останаа на сила за оние што минуваат по пат и железница – предизвикувајќи долги редици на границите и финансиски трошоци.
Бугарија и Романија очекуваат дека влезот во Шенген значително ќе ги поттикне нивните економии. Двете влади претходно ја проценија цената на континуираното исклучување од копнениот пристап до Шенген на 2 до 5 отсто од бруто домашниот производ годишно.
Властите во Букурешт и Софија ги убедија своите австриски колеги со ветувања дека ќе ја зајакнат заштитата на границите и ќе ја ограничат миграцијата.