Почина Кралицата Елизабета II. Нејзиното историско владеење ја однесе Велика Британија од ерата на парните машини до ерата на паметните телефони, и го забележа релативно мирното распаѓање на империја која во еден момент се простираше низ половина од земјината топка.
Елизабет Алксандра Мери беше родена на 21 април 1926 година. Се упокои на 96 години. Принцот Филип со кој беше во брак 73 години, почина лани на возраст од 99 години. Имаа четири деца, осум внуци и 12 правнуци. Почина во својот дворец во Бaлморал во Шкотска каде традиоционално го поминуваше летниот одмор.
Малата Елизабета, родена во Мејфер, Лондон, себеси се нарекла Лилибет затоа што не можела да си го изговори името. Се школувала дома, а на 10 години целосно и се променил животот. Нејзинот чичко, Едвард VIII, се откажал од престолот затоа што се оженил за разведената Американка Волис Симпсон, со тоа нејнзиот татко станал кралот Џорџ VI, a Eлизабета негов прв наследник на торонот.
Прочитај повеќе
Новиот крал, Чарлс III, вечерва ќе остане во Балморал
„Кралот и кралицата вечерва ќе останат во Балморал, а утре ќе се вратат во Лондон“, пишува во објавата.
08.09.2022
Влошено здравјето на Кралицата Елизабета, семејството се собира кај неа
Бекингамската палата соопшти дека лекарите препорачале медицински надзор
08.09.2022
Кралицата го водеше Обединетото Кралство низ периоди на политички пресврти. Таа го започна своето владеење како главата на империја, иако таа империја веќе се распаѓаше. Во времето на нејзината смрт, самата иднина на Обединетoто Кралство се става во прашање, со барања за самостојност на Шкотска, и обновени немири во Северна Ирска како резултат на британското заминување од Европската Унија.
Елизабета стана британски монарх со најдолго владеење во 2015, кога го надмина рекордот на кралицата Викторија, која владееше од 1837 до 1901. Нејзиниот партнер, кој Елизабета го опиша како нејзината „сила и сила за опстанок“, принцот Филип почина во април 2021 година.
Нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, ќе го наследи престолот.