text size
Турбулентен и крајно неизвесен викенд ја потресе геополитичката и пазарната сцена, откако уште пред да почнат пропаднаа обидите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран што требаше да се одржат во Исламабад. Американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент ги повлече своите претставници Стив Виткоф и Џеред Кушнер, кои воопшто не отпатуваа за Пакистан, оценувајќи дека Техеран „понудил многу, но недоволно“.