text size
Иранските напади врз бродови што минуваат низ Ормускиот Tеснец нагло се зголемија, што потенцијално може да го загрози неодамнешното закрепнување на извозот на нафта од Персискиот Залив. Луѓе од бродската индустрија велат дека има знаци дека протокот на товар низ теснецот можеби почнува да забавува, откако претходно овој месец речиси се врати на нивото од пред почетокот на војната.
Добро утро, ове се петте вести што се важни за почеток на денот.
ББА анализа: Македонија падна на последното место во регионот по економското расположение
Во време обележано со царини, војни, геополитички прегрупирања и променливи економски трендови, сè потешко е со сигурност да се предвиди што ја очекува глобалната економија. Неизвесноста стана една од клучните варијабли и за економистите и за инвеститорите, а во последно време, големите институции, од Светската банка и ММФ до Европската комисија и водечките инвестициски банки, ги намалуваат своите прогнози за економски раст.
Сепак, иако и регионот Адрија ги чувствува овие притисоци, тој досега покажа одреден степен на отпорност на истите, што особено важи за пазарите на капитал во Хрватска и Словенија. Растот во последните години беше поттикнат од значителен прилив на странски директни инвестиции, хроничен недостиг од работна сила и раст на реалните плати. Токму силната домашна потрошувачка, поттикната од растот на приходите, стана еден од главните двигатели на економскиот раст во регионот. Сепак, останува прашањето колку овој модел ќе се покаже отпорен доколку глобалната неизвесност се продлабочи и продолжи.
Дали највредната европска компанија ќе ја оправда цената на акцијата од 1.600 евра?
Заборавете на фармацијата, одбраната и автомобилите. Машините за производство на микрочипови беа едни од најголемите адути на берзата оваа деценија, а порастот на холандската АСМЛ (ASML) покажува колку инвеститорите се подготвени да платат за технологија без вештачка интелигенција (ВИ). Силниот раст на акциите ја направи АСМЛ највредната компанија во Европа.
Оваа среда, АСМЛ ги објавува резултатите од третиот квартал, од кои многу се очекува, бидејќи инвеститорите веќе признаа голем дел од нејзиниот иден успех. Сепак, очекувањата се едно, а реалноста е друго, особено ако апетитите од двете страни силно растат. Очекувањата често се поголем предизвик, бидејќи инвеститорите генерално се незаситни, а компанијата - и покрај напорот и желбата брзо да го оправда успехот - може да се соочи со внатрешни и надворешни пречки што ги нарушуваат нејзините планови.
Евролигата ја одби НБА и се подготвува за проширување: Кој ќе владее со европската кошарка?
Европската кошарка доби две понуди за сопствената иднина. Евролигата им нуди на клубовите потрајно место во натпреварувањето што го градат со години. НБА ветува дека европскиот пазар може да го претвори во значително поголем бизнис. Сопствениците на клубовите сега мора да одлучат колку вреди она што веќе го имаат, колку се подготвени дополнително да инвестираат и кому би му го препуштиле управувањето.
Состанокот на 13-те клуба акционери на Евролигата во Черноби, на езерото Комо, покажа колку договорот сè уште е далеку. Предлогот за соработка со НБА не беше прифатен, но преговорите не беа прекинати. Клубовите го поддржаа продолжувањето на процесот на претворање на нивните десетгодишни лиценци во франшизи, додека одлуката за новите членови беше оставена за следните недели.
Фед не гледа потреба од зголемување на каматните стапки во 2027 година
Претседателот на Федералните резерви на Њујорк, Џон Вилијамс, изјави дека сѐ уште смета оти е соодветно оваа година да има уште едно зголемување на каматните стапки, но во моментов не верува дека ќе биде потребно централната банка повторно да ги зголемува стапките во 2027 година.
„Не го променив ставот дека можеби е соодветно да има уште едно зголемување на каматните стапки“, рече Вилијамс во вторникот во интервју за „Блумберг Њуз“ во њујоршкиот огранок на Фед. „Во овој момент не гледам причина да верувам дека ќе треба да направиме повеќе од тоа.“
Мерц и Зеленски бараат целосен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски сметаат дека „енергетското примирје“ што го објави Доналд Трамп, а кое ги опфаќа руските нафтени рафинерии, е премногу ограничено и бараат Москва да прифати поширок прекин на огнот во енергетскиот сектор, велат извори запознаени со разговорите.
Двајцата лидери се согласни дека секоја забрана за воени напади треба да ја опфати електроенергетската инфраструктура во Украина, како и руските рафинерии, изјавиле изворите, кои побарале да останат анонимни бидејќи разговорите не се јавни. Според нив, Мерц и Зеленски очекуваат и другите лидери на Европската Унија да ја поддржат оваа позиција на самитот во Брисел неделава.