text size
Полнењето гориво од денеска чини повеќе, а најголемиот удар ќе го почувствуваат возачите на дизел-возилата. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, додека бензините поскапуваат за 1,50 денари.