text size
Најмладите припадници на работната сила во САД се сè повеќе скептични во врска со вештачката интелигенција (ВИ), плашејќи се дека напредокот во технологијата ќе доведе до широко распространети загуби на работни места, според анкетата на истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center).
Поголемиот дел од возрасните под 30 години велат дека се повеќе загрижени отколку возбудени за ВИ за прв пат откако Пју почна да ја спроведува оваа анкета. Тоа се совпаѓа со повеќето други возрасни групи, но најмладиот слој впечатливо еволуирал од најзаинтересиран за потенцијалот на ВИ до најскептичен кон технологијата, според податоците од јуни.
Добро утро, ви пишува Игор Петровски од дигиталната редакција на Блумберг Адрија, ова се петте вести за почеток на денот.
Македонците имаат 3,6 пати помалку банкарски депозити по жител од Словенците
Македонија се најде на третото место на листата на земји од регионот Адрија рангирани според банкарските депозити по глава на жител. Анализата покажува дека жителите на Словенија и Хрватска имаат убедливо најголема финансиска акумулација во банките меѓу граѓаните на петте земји од регионот.
На секој Словенец отпаѓаат просечно 14.623 евра банкарски депозити, додека на еден жител на Македонија 4.028 евра. Тоа значи дека депозитите по глава на жител во Словенија се 3,6 пати поголеми од оние во Македонија. Разликата во апсолутен износ е 10.595 евра по жител.
Може ли заедничкото задолжување да ја спаси Европа и што значи тоа за Македонија
Економскиот притисок што во последно време доаѓа од САД и Кина и последиците од војната на Блискиот Исток на која што не ѝ се гледа крајот, повторно ја става на маса идејата за заедничко задолжување на Европската унија, тема за којашто до неодамна се чинеше дека е политички затворена.
За Македонија, иако не е членка на ЕУ, оваа дебата е многу релевантна од неколку причини, велат нашите соговорници на темава.
„Модерна“ и „Мерк“ чекор поблиску до мРНК вакцина против рак на кожата
Персонализирана вакцина развиена од „Модерна“ (Moderna Inc.) и „Мерк“ (Merck & Co.) успеала да го намали повторното појавување на меланомот во големо клиничко испитување во доцна фаза. Со ова се зголемени очекувањата за лекување на најсмртоносниот облик на рак на кожата и покажан е потенцијал на мРНК (mRna) технологијата која досега се наоѓаше под притисок од стручната и останатата јавност.
Испитувањето ја постигнало својата главна цел бидејќи вакцината, во комбинација со имунотерапевтскиот лек на „Мерк“, „китруда“ (Keytruda), го спречило враќањето на ракот откако бил хируршки отстранет, почесто од самата имунотерапија. Исто така, го забавила ширењето на болеста на нови делови од телото, соопштија компаниите во средата.
„Антропик“ пред рекордно ИПО: Може ли Клод да ја оправда процената повисока од таа на „Спејс екс“
Откако „Спејс екс“ ова лето постави рекорд за најголема иницијална јавна понуда (ИПО) во историјата, се чини дека тој рекорд ќе преживее само неколку месеци. Според пишувањето на „Фајненшел тајмс“, инвеститорите на „Антропик“, компанијата што стои зад ВИ асистентот Клод, очекуваат компанијата да излезе на берза во октомври со процена од најмалку две илјади милијарди долари.
Со тоа би го надминала рекордот што ова лето го постави „Спејс екс“. Прашањето, всушност, е само дали оваа проценка има реално покритие во работењето на компанијата или станува збор за уште еден случај во кој еуфоријата моментално ги надминува фундаментите.
Како да го заштитите портфолиото од инфлација
Инфлацијата има ист ефект врз вашето портфолио како термитите врз куќа со дрвена конструкција: незабележливо го нагризува сè додека потпорните греди не почнат да попуштаат.
Лекциите од 2022 година ги натераа и инвеститорите и советниците да размислат повторно како да ги спречат ефектите од инфлацијата. Наместо да се потпираат на традиционалниот микс на инвестиции, менаџерите за управување со средства велат дека нивните клиенти сега додаваат обврзници со краток рок, стоки, инфраструктура и други алтернативни инвестиции со пократок рок за да го распределат ризикот за време на падови на пазарот.