Анализираме за кои компании од Македонската берза најчесто има јавни опомени и какви пропусти најчесто констатира Комисијата за хартии од вредност кај учесниците на пазарот на капитал во Македонија. Истовремено, откриваме кои се менаџерите кои купуваат најмногу акции од компаниите од МБИ10 со кои управуваат.
Со оглед на тоа што цената на нафтата драстично паѓа на светските пазари, прашуваме зошто цените во малопродажбата не паѓаат со исто темпо и анализираме дали е можно зголемување на конкуренцијата во нафтениот бизнис во земјава.
Откриваме кои играчи на пазарот на капитал во Македонија најмногу заработуваат и прашуваме дали Владата го гасне Фондот за иновации и технолошки развој.
Анализираме како вештачката интелигенција го менува маркетингот во Македонија и на глобално ниво. Презентираме како функционира можноста за банкрот на физички лица во светот и прашуваме зошто тоа не е опција кај нас.