Во период кога доаѓа до заострување на условите за тргување на глобално ниво, воведување царински и други бариери и разгорување на трговската војна меѓу САД и Кина анализираме каква е реалната перспектива за македонската економија следната година. Со оглед на тоа што овие месеци се креира домашниот буџет презентираме какви прогнози за раст на БДП дадоа досега Владата и различни меѓународни институции за наредниот период.
Буџетскиот дефицит на САД минимално се намали во фискалната 2025 година на 1,78 билиони долари (од 1,82 билиони долари во 2024 година), делумно благодарение на рекордните приходи од царини. Поради тоа, анализираме дали Македонија може да го искористи американскиот рецепт и врз база на зголемување на некои царини да дојде до приходи кои би го стесниле буџетскиот дефицит на државата или пак се потребни поинакви мерки.
Замавот што го зема вештачката интелигенција е сериозен предизвик за заштитата на авторските права. Прашуваме дали и како во иднина би можеле да се заштитат авторските дела од различни злоупотреби. ЕУ потврди дека Македонија е една од земјите кои треба да станат центар за вештачка интелигенција. Анализираме какви се нашите можности во овој домен.
Во време кога цената на златото и на акциите уриваат рекорди, истражуваме што најмногу се купува на берзите во САД и во Европа. Прашуваме дали дополнителни царини за кинеските автомобили можат да ја спасат европската автомобилска индустрија. Анализираме како работат центрите за странски јазици во Македонија односно колку е вносен овој бизнис.