text size
Во време кога сите зборуваат кои канцелариски работни места ќе згаснат со бумот на вештачката интелигенција го отвораме прашањето дали истовремено доаѓа период во кој граѓаните ќе почнат сами да учат како да станат електричари, молери, водоинсталатери или друг вид „мајстори“.
Анализираме со какво темпо растат депозитите и кредитите во Македонија и дали може депозитната база повеќе да се активира во функција на забрзан раст.
Со оглед на тоа што извозот на технолошки знаења зема се поголем замав на глобалниот пазар прашуваме колку се конкурентни Македонија и регионот. Истовремено, истражуваме колкава е бројката на таканаречени дигитални номади од Македонија во светот.
Ќе се обидеме да дадеме одговор на прашањето уште колку купувачи може да апсорбира секторот на недвижности во земјава и какви се трендовите во однос на набавка на земјиште за изградба на куќи, кои се актуелни локации и колку чини реализацијата на ваквите градежни проекти.
Анализираме како им оди на блучиповите на Македонска берза и каде се малите акционери во сопственичките структури на компаниите.