Со оглед на тоа што Европската комисија неодамна оцени дека Македонија ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции и за резултатите во борбата против сивата економија и додели приближно 2,5 милиони евра на земјава за јакнење на институциите и дигитализација на инспекциските служби, анализираме каква е стапката на неформалната економија во нашата држава и во кои сектори најмногу се избегнуваат давачките кон државата.
Истражуваме зошто во Македонија нема поголем број јавно-приватни партнерства преку кои би се финансирале инфраструктурни проекти и би се управувале сервиси коишто се од јавен интерес.
Анализираме каква стапка на инфлација не очекува до крајот на годинава и какви се прогнозите за следната година.
Под лупа го ставаме предлог-буџетот за 2026 година и откриваме каде има најмногу зголемувања и намалувања на расходите во споредба со годинава.
Во период кога расте цената на бакарот на светските берзи и се зголемува побарувачката за овој метал во повеќе индустрии прашуваме какви се трендовите во домашните рудни капацитети во однос на ископот и извозот на оваа суровина.