text size
Министерството за финансии ќе продолжи со емисиите на граѓански обврзници. Проспектот за новата емисија се подготвува и се очекува да биде објавен до крајот на годината. Од Министерството соопштија дека денеска ќе се изврши исплата на главнината и каматата за втората година од издадената втора граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880.000 евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните кои имаат запишано вакви обврзници.