text size
Технолошките гиганти, Алфабет“ (Alphabet), „Амазон“ (Amazon.com), „Мета“ (Meta Platforms) и „Мајкрософт“ (Microsoft), најавија капитални расходи што во 2026 година ќе достигнат околу 650 милијарди долари. Сумата што ВИ-компаниите планираат да ја потрошат за нови дата-центри, како и за опремата неопходна за нивното функционирање, вклучително и чипови за вештачка интелигенција, мрежни кабли и резервни генератори е споредлива со изградбата на железничката инфраструктура во 19 век.