text size
Европската централна банка (ЕЦБ) треба да постапува многу претпазливо со секое идно зголемување на каматните стапки бидејќи кредитниот раст забавува, а ризиците за финансиската стабилност и натаму постојат, рече членот на Управниот совет, Игнацио Виско. Гувернерот на Банката на Италија изјави за ТВ „Блумберг“ дека креаторите на политиката треба да се држат до својот пристап „состанок по состанок“, бидејќи влијанието на досегашното заострување продира во економијата.