text size
Бруто-домашниот производ (БДП) на Европската Унија во вториот квартал е на исто ниво како и во првиот, покажуваат најновите прелиминарни податоци на „Евростат“. БДП на еврозоната, земјите-членки што делат заедничка валута, порасна во истиот период за 0,3 отсто. Во однос на вториот квартал од минатата година, економијата на Унијата порасна за 0,5 отсто, додека економијата на еврозоната зајакна за 0,6 отсто.