Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави радикална реформа на даночниот систем во вредност од 1,6 милијарди евра, со цел зајакнување на средната класа, која и понатаму тешко закрепнува од годините на кризата.
Во годишниот говор, со кој ги претстави приоритетите на својата влада за наредната година, Мицотакис најави намалување на данокот на доход, особено за семејствата со деца. Тој објави дека семејствата со четири или повеќе деца нема да плаќаат данок на првите 20.000 евра од годишните приходи, во обид да се зголеми нискиот наталитет во Грција.
Исто така, најави дополнителни бенефиции за пензионерите, повисоки плати за припадниците на безбедносните сили и дипломатите, како и други даночни олеснувања кои за првпат беа воведени за време на десетгодишната должничка криза во Грција.
Прочитај повеќе

Колку се исплати купување стан во Грција?
За вас подготвивме водич за инвестирање во недвижности во Грција.
25.07.2025

За пет години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра
Од регионот, најмногу купуваат Бугарите, а од Европа - Кипраните и Турците.
25.07.2025

Кој во Европа се труди да ги задржи, а кој да ги привлече богаташите
Даночните и другите политики наметнуваат нови правила за престој на богаташите
04.07.2025

Грција повторно во центарот на вниманието – овој пат како ѕвезда, а не како пациент во Европа
Денес, Грција има инвестициски рејтинг од сите четири главни кредитни агенции и позајмува по каматни стапки кои беа дури и пониски од оние на Франција на крајот од 2024 година.
11.06.2025
Плановите се осмислени за да се олесни животот на граѓаните кои се оптоварени со растечките трошоци за живот и ниските реални плати.
Мицотакис е на власт веќе шест години, но истражувањата покажуваат дека неговата популарност е намалена во однос на резултатите од изборите во 2023 година. Имајќи предвид дека планира да се кандидира за трет мандат во 2027 година, тој сака да покаже напредок во исполнувањето на ветувањата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
„Многу добро знам дека високите цени се најголемиот проблем“, рече Мицотакис во Солун, додавајќи дека даночната реформа е осмислена токму за тоа да се реши.
Новите даночни олеснувања се возможни благодарение на натпросечниот учинок на буџетот. Неочекуваниот приход во 2024 година ќе се повтори и оваа година, бидејќи мерките против даночно затајување даваат резултати, а податоците за 2025 година покажуваат дека Грција повторно ќе ги надмине своите буџетски цели.
Сите најавени промени, како што рече премиерот, се внимателно проценети и „во согласност со нашите обврски кон Европската унија“.
Мерките најавени вчера вклучуваат:
- Намалување на данокот на доход и ослободување од данок за семејства со четири или повеќе деца.
- Вработени помлади од 25 години со примања до 20.000 евра нема да плаќаат данок.
- Пониска стапка на данок за приход од изнајмување недвижности.
- Грците кои живеат во села со најмногу 1.500 жители ќе плаќаат половина од данокот на имот во 2026 година, а од 2027 нема да плаќаат ништо.
- Данокот на додадена вредност на оддалечените острови со помалку од 20.000 жители ќе биде намален за 30 проценти.
„Најдобриот начин да им ги вратиме на граѓаните плодовите од растот не е преку субвенции, туку преку даночни олеснувања“, изјави Мицотакис.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...