text size
Инвеститорите од ЕУ минатата година инвестирале околу една милијарда евра во недвижности во Грција, што сведочи за големиот интерес, особено на странските купувачи, за станови и куќи во најголемите градови и на атрактивните острови на оваа медитеранска земја. Програмата „Златна виза“ дополнително ги поттикнува приливот на капитал, преселбата во Грција и инвестирањето во недвижности. Најбарани се станови од 50 квадратни метри, погодни и за одмор и живеење, како и за издавање под наем, односно развивање бизнис.