Германскиот извоз во октомври благо порасна, додавајќи нов оптимизам дека најголемата економија во Европа полека излегува од повеќегодишната стагнација.
Пратките во странство се зголемија за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, соопшти во вторникот германската статистичка служба. Тоа е под средната процена од 0,2 отсто во анкетата на „Блумберг“ и следува по ревидираниот раст од 1,5 отсто во септември. Увозот падна повеќе од очекуваното, проширувајќи го трговскиот суфицит на 16,9 милијарди евра (19,7 милијарди долари).
Германскиот извоз во октомври оствари минимален раст
Прочитај повеќе
Германското индустриско производство скокна - нова поддршка за економското закрепнување
Во октомври производството се зголеми за 1,8 проценти во однос на претходниот месец, што е значително подобро од 1,1 отсто, колку што изнесуваше во септември.
08.12.2025
Германските фабрички нарачки скокнаа - најголемата европска економија закрепнува
Германските фабрички нарачки во октомври скокнаа, што ја поддржува перспективата дека најголемата економија во Европа ќе оствари раст во последното тримесечје од годината.
05.12.2025
Мерц под закана, Германија во слободен пад
Владејачката коалиција во Германија е на работ на распад, пензискиот закон може да биде причина за пад на владата...
04.12.2025
„Рајнметал“ е на прагот да заработи огромни пари – можеби дури и премногу
Милијардите инвестиции и роботизацијата го засилуваат растот на „Рајнметал“, но одржливоста на профитот останува во фокусот, бидејќи ривалите ги зголемуваат капацитетите, а државите може да бараат пониски цени.
02.12.2025
По инвазијата на кинеските ЕВ, германските производители ги притискаат и евтините автоделови
Евтините кинески делови брзо го менуваат пазарот во Германија, потиснувајќи дел од европските конкуренти и отворајќи прашања за одржливоста на домашното производство во следните години.
01.12.2025
Неочекуван скок на инфлацијата во Германија на деветмесечен максимум
Инфлацијата изнесуваше 2,6 проценти во ноември, во споредба со 2,3 проценти минатиот месец, според податоците објавени од Заводот за статистика.
28.11.2025
Податоците на германската статистичка служба покажаа дека извозот во САД се намалил за 7,8 отсто во однос на претходниот месец, додека увозот паднал за 16,6 отсто.
Иако трговијата ја поттикна економската активност на почетокот од годината, бидејќи компаниите забрзано увезуваа за да избегнат повисоки царински давачки во САД, слабиот извоз ја оптовари економијата во вториот и третиот квартал, при што Германија за малку избегна рецесија.
Стабилизација или дури пресврт во извозот би ја поддржале обновата на клучниот производствен сектор. Октомвриските податоци за нарачки во фабриките и за индустриското производство укажуваат дека Германија успеала да оствари минимален раст во последните три месеци од годината.
„Бундесбанк“ и повеќето други прогнозери оценуваат дека економската активност повторно се зголемила меѓу октомври и декември, потпомогната од повисоката владина потрошувачка и неодамнешните намалувања на каматните стапки од Европската централна банка.
Но, и понатаму постојат сериозни предизвици, како што се растечката конкуренција од Кина и подолготрајните структурни проблеми, како прекумерната бирократија и недостигот од квалификувана работна сила.
Економските советници на канцеларот Фридрих Мерц ја намалија проекцијата за раст за следната година на помалку од 1 отсто, нагласувајќи ја тежината на задачата за враќање на посилен економски замав.
Економистите и стопанските претставници ја повикуваат владата да го забрза темпото на реформите за да ги подобри условите за компаниите и глобалната конкурентност на економијата.