text size
Македонија се наоѓа на два чекора од пласман на Светското првенство 2026, но и од финансиска добивка што би можела да надмине повеќе милиони евра, со што домашниот фудбал и поврзаните индустрии би добиле една од најсилните економски инјекции во последните години. Репрезентацијата ја очекува клучен дуел против Данска на на 26 март, а потоа и потенцијален решавачки натпревар со победникот од мечот Чешка - Ирска, па евентуалниот успех би значел многу повеќе од спортски исчекор.