Македонскиот бруто-домашен производ порасна за 3,1 проценти во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
„Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 7,2 проценти, стручни, научни и технички дејности и административни и помошни услужни дејности од 6,1 проценти“, соопшти ДЗС.
Оттаму доаваат дека финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 проценти.
Прочитај повеќе
Колку реално имаат на маса домаќинствата во Европа и каде е Македонија?
Анализираме колкав е реалниот приход на домаќинствата во Европа и Македонија, и номинално и според куповната моќ.
пред 9 часа
ЕК: Продолжен конфликт на Блискиот Исток носи поголем ризик за македонскиот долг
Со растечките трошоци за сервисирање на долгот, фискалните резерви дополнително се еродираат. Владата има високи потреби за финансирање во прогнозираниот период, предупредува ЕК
22.05.2026
„Ерсте“: Шокот од Блискиот Исток го менува наративот за македонската економија
Од „Ерсте“ очекуваат забавување на растот на 2,9 проценти на годишно ниво во 2026 година, пред благо зголемување на 3,1 проценти на годишно ниво во 2027 година.
22.05.2026
Народна банка: Инфлација од 4 проценти и раст на БДП од 3,5 проценти во 2026.
Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3 проценти во 2027 година.
07.05.2026
Нова фискална стратегија на Владата: Повисока инфлација, понизок раст на БДП
Раст на БДП во 2026 година од 3,5 проценти, а инфлација од 4,5 проценти.
06.05.2026
„Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 проценти како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства. Според сезонските и календарски приспособени податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година, во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 проценти“, наведуваат од ДЗС.
По повод објавените податоците, денеска прес-конференција во Владата одржа премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека дека растот на БДП во Македонија е повторно меѓу првите пет во Европа, што претставува исклучителен резултат. Мицкоски наведе дека според податоците на Евростат, нашата земја според растот на БДП е веднаш зад Малта, Полска и Србија.
„Ако се анализираат табелите коишто ги објавува Евростат ќе дојдеме до заклучок дека седми квартал по ред откако се консолидирани институциите остваруваме рaст на БДП којшто се наоѓа најпрво во првата половина на Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа според Евростат. Повтoрно ќе кажам ова не е показател којшто го објавува Владата туку ова е параметар кој што го објавува Евростат“, рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски/извор: Влада
Тој посочи и на растот на индустриското производство, коешто во април годинава порасна за 7,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.
„И со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026. година како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство коешто ни е во позитива, мала, 0,2 проценти, но не е во негатива, во услови кога ја имаме најголемата, епски, енергетска криза во светот која што според сите познавачи од оваа област е поголема и од енергетските кризи во 70-тите години од минатиот век и онаа енергетска криза од 2022 година кога започна војната во Украина“, соопшти Мицкоски.
Премиерот укажа и дека бројката на вработени е зголемена во првите 21 месец од работењето на оваа Влада односно дека биле креирани над 16.000 работни места.
„Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и политички предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и геополитичката неизвесност, Македонија покажува дека може да оди напред.