text size
Банкарскиот сектор се справува со предизвиците наметнати од воениот конфликт, покажуваат анализите на Народната банка во Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година кој бил усвоен вчера. Од Народната банка велат дека мерките кои ги презеле за стабилизирање на неповолните очекувања на населението настанати по избивањето на воениот конфликт, овозможиле стабилизирање на движењата кај депозитната основа. Депозитите на домаќинствата пораснале во вториот квартал, со што годишната стапка на раст изнесува 5,2 проценти. Кредитирањето пораснало како и во првиот квартал односно 10 отсто. За зголеменото кредитирање во вториот квартал подеднаков придонес имале и корпоративниот сектор и секторот домаќинства.