text size
Македонија речиси го достигна европското ниво во секојдневното користење интернет, но кога станува збор за негово користење за работа, анализа и создавање содржина, јазот со Европската Унија останува огромен. Податоците на Евростат за 2025 година покажуваат дека земјава има висока интернет-поврзаност, но значително послаби практични ИКТ вештини кај населението.