text size
Во време на енергетска криза, проследена со инфлација, кога граѓаните бараат алтернатива за затоплување на домовите за претстојниот зимски период, цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја искористија ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев. Владата алармирана за проблемот, презема мерки, но се поставува прашањето дали се соодветни.