text size
Во периодот јануари-октомври, годинава во компаниите во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16 проценти за една година, а само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ.