text size
Финансискиот систем во земјава е стабилен и покрај продолжената ескалација на геополитичките тензии создадени со воената инвазија на Русија врз Украина, како и глобалните предизвици поврзани со енергетската криза и високите стапки на инфлација, оценува Комитетот за финансиска стабилност, што денеска на седница ги разгледа најновите движења во финансискиот сектор.