text size
Струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок од први јануари се намалува, а се зголемува во третиот и четвртиот блок. Намалување има и на цената за малите потрошувачи, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.