Енергентите го поскапеа сместувањето во зимските туристички центри. Четиричлено семејство годинава треба да плати двојно повеќе од лани се сместување во зимските центри.
Друг проблем е што годинава нема снег, па скијачката сезона се пролонгираше и ќе биде најкратка досега.
Во емисијата „Зум ин“ на Блумберг Адрија ТВ гости беа Аркан Керим - претседател на Tуристичко-угостителска комора и Крсте Блажески, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.
Прочитај повеќе
Македонците најдоа рецепт за бесплатен престој во странство
Речиси за 94 отсто од туристите во Македонија нема официјални статистички податоци каде престојуваат.
13.01.2023
Меџедовиќ: Не се очекуваат нови поскапувања на туристичките аранжмани
Туристичките аранжмани веќе се поскапени за околу 20 проценти, велат од „Фибула“.
10.01.2023
Одиме во Банско и без снег, со години сонуваме за Доломити на Шапка
Оваа зима туристичката сезона ќе биде најкратка досега поради топлото време.
11.01.2023
Според нив, и покрај потенцијалот што земјава го поседува, зимски туризам нема затоа што недостасуваат инфраструктура и инвестиции. Енергетската криза само го зголеми проблемот, а она што е потребно, според нив, се кампањи за привлекување странски туристи.
Според директорот на државната агенција за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, на земјава и е потребна долгорочна стратегија за развој туристичката индустрија и поврзување со регионот.
„Инвеститорите во моментов не гледаат каде треба да се движи туристичкиот сектор“, вели тој.